Behind the
headlines
 
 
 
 
 
 
Економија , Македонија
PrintPdf
Бизнис заедницата пак се жали на високи казни
Автор: Редакција ФОРУМ     15:42 | 12 март 2010

Поврзани вести
Бизнис заедницата сугерираше дека казните се превисоки, а има и недоречености во законите кои предизвикуваат проблеми во функционирањето на фирмите

Ова денеска го изјави вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски, по средбата со повеќе стопанственици.

Тој по дебатата на тема Подобрување на бизнис климата и унапредување на казнената политика во Република Македонија, констатираше дека дијалогот со бизнис заедницата е важен чекор за решавање на проблемите во казнената политика и за подобрување на деловната клима воопшто.

Бизнисмените се пожалиле дека државата ја толерира нелојалната конкуренција и дека постои селективност и тенденциозност во вршење на инспекцискиот надзор, а укажаа и на односот на инспекциските служби кон работодавачите, како и на ниското ниво на едукација на инспекторите.

Пешевски истакна дека забелешките најчесто биле упатени во делот на финансиските контроли, надзорите на Трудовата инспекција, Царинската управа и Пазарната инспекција.

„Во целиот процес сфативме дека овој проблем е сериозен и можеби временскиот рок кој си го поставивме пред себе е преамбициозен“, рече Пешевски додавајќи дека најверојатно ќе бидат потребни уште една до две недели да владата да излезе со првични предлози за подобрување на бизнис климата.

Пешевски изјави дека целиот процес се испреплетува со уште два проекти-Проектот за проценка на влијанието на регулативата при носењето на закони и регулаторната гилотина и рече дека не е доволно само да се намалат казните, туку дека е потребна и регулација на самите постапки кои се казниви.

На денешната дебата присуствуваа претставници на Сојузот на стопански комори на Македонија, Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на северозападна Македонија Европската бизнис заедница, Занаетчиската комора, МакАмТранс, Асоцијацијата на работодавачите, Асоцијацијата на земјоделците Стопанската комора за туризам и други.

„Сите мерки кои ќе бидат донесени во соработка со бизнис асоцијацијата треба да бидат во насока на унапредување на бизнис климата, а регулаторна гилотина треба да биде спроведена и во делот на казнената политика“, рече Александра Накева Ружин, член на Управниот одбор на Европската бизнис асоцијација.

Потпретседателот на организација на работодавачи Ангел Димитров побара заживување на Единствениот регистар на прописи и навремено запознавање на бизнис заедницата со прописите кои се во подготовка, како и навремено добивање на подзаконските акти.

Претседателот на асоцијацијата на земјоделците Ефтим Шакри ги подели законите во три групи, односно закони каде казните се мали, закони каде казните се големи и закони кои се застарени и побара од владата да го регулира овој проблем.

Денешната дебата е продолжување на активностите од минатата недела во насока на подобрување на бизнис климата кога беше одржана средба со инспекциските органи, а Пешевски најави дека на оваа тема сугестии од бизнис заедницата ќе се примаат и идната недела.


Bookmark and Share

Горе

 
Повеќе од Економија

CommentКоментари



Нема коментари


Внеси го твојот коментар




Login with Facebook
Актуелно
Ознал:Турција и Македонија се најзначајни геостратешки земји во регионот

Некриејќи го своето задоволство од земјата каде не...

Белгиската вицепремиерка предвидува распад на земјата

Актуелната вицепремиерка, министер за социјални пр...