Behind the
headlines
 
 
 
 
 
 
Надворешна политика
PrintPdf
Иванов ќе се обрати на Минхенската безбедносна конференција
Автор: Редакција ФОРУМ     09:54 | 06 февруари 2010

Претседателот Ѓорге Иванов ќе има свое обраќање на Минхенската безбедносна конференција во рамките на панел дискусијата „Иднината на европската и глобалната безбедност“

Претседателот Иванов на маргините на конференцијата треба да оствари и билатерални средби со високи функционери од повеќе земји на кои ќе се потенцираат сите прашања од сферата на безбедноста и уделот на Македонија во меѓународните мисии.
На 46. Минхенска безбедносна конференција, која почна во петок попладне а ќе трае до недела, учествуваат 300 шефови на држави, влади, високи функционери, опозициски лидери и претставници на организации од целиот свет.
Конференцијата вчера ја отвори претседавачот Волфганг Ишингер, а во воведниот дел говореа и германскиот министер за одбрана Карл-Теодор Гутенберг и министерот за надворешни работи на Кина, Јанг Џиечи.
Покрај дискусиите за традиционалните теми како што се трансатлантската и европската безбедносна архитектура, конференцијата се фокусира на безбедноста и стабилноста во поширокиот регион на Блискиот Исток, како и на разоружувањето, контролата врз вооружувањето и нуклеарното разоружување. Ишингер се надева дека ќе добие нови информации за рускиот предлог во однос на европската безбедносна архитектура и за потпишувањето на американско-рускиот договор за намалување на стратешки оружја (START 2). Панел дискусиите годинава се фокусираат и на Авганистан и новата стратегија на НАТО.
Во последните децении Минхенската безбедносна конференција стана една од највлијателните и најголемите конференции за безбедносна политика во светот. Секоја година на неа присуствуваат клучни личности од целиот свет кои се вклучуваат во интензивната дебата за актуелните и идни безбедносни предизвици.
Минхенската безбедносна конференција првпат е одржана во 1962 г. а ја иницирал Евалд Фон Клајст. Од 1999 г. до денес во конференцијата се вклучуваат се повеќе земји од централна и источна Европа, азиски држави, а учествуваат и претставници на бизнис секторот. Од 2008 г. претседавач со Минхенската безбедносна конференција е Вофганг Ишингер и таа под негово раководство се фокусира пред се на идните безбедносни предизвици во согласност со концептот „мрежна безбедност“.


Bookmark and Share

Горе

 
Повеќе од Надворешна политика

CommentКоментари



Нема коментари


Внеси го твојот коментар




Login with Facebook
Актуелно
Го преживеав Холокаустот

Скопјанецот Израел Бехар е еден од неколкуте макед...

Македонското малцинство признато само во Албанија

Македонското малцинство е признаено во Албанија,...