Behind the
headlines
 
 
 
 
 
 
Економија
PrintPdf
ЕУ во битка со долгови
Автор: Петре Димитров     20:09 | 07 февруари 2010

Грција не е осамена во нејзината економска мака. Сериозни предупредувања за можни банкроти деновиве стигнаа и за уште неколку земји од еврозоната

Деновиве не и е лесно на Европската Унија (ЕУ). Не треба да го гасне само “пожарот” кај јужниот сосед. Грција не е осамена во нејзината економска мака. Сериозни предупредувања за можни банкроти деновиве стигнаа и за уште неколку земји од еврозоната. Шпанија е новиот “пациент” во Европа. Според податоци објавени вчера Шпанија и во последниот квартал од минатата година бележи пад на бруто-домашниот производ. Оваа е шести квартал по ред како оваа земја бележи минус.
Се смета дека Шпанија ги трпи овие удари поради тоа што претходниот десетгодишен процвет на стопанството го базирала на неконтролирани шпекулации на пазарот на недвижности и на неконтролирана лична потрошувачка, поттикнувана со евтини кредити, надвор од границите на тоа што шпанската економија можела да си го дозволи. Кога во средината на 2008 година кредитите пресушија и кога се отвори проблемот со недвижностите во САД, двата главни столба врз кои се развиваше шпанската економија цело десетлетие се урнаа, што доведе до сегашната рецесија.
Бројките за падот на БДП во Шпанија не се полоши од оние во некои други земји-членки на ЕУ, како на пример Германија, Италија и Велика Британија, но разорниот удар на кризата се гледа во тоа што сега Шпанија има невработеност од 19
отсто, помала само од Летонија. Нејзиното постепено закрепнување се очекува дури во 2011 г. Втора на листата за можен банкрот е Ирска, во која се очекуваат големи последици од светската економска криза, но и од кризата во Дубаи. Дури 6.000 Ирци во последниве неколку години вложуваа токму во оваа арапска земја. Поради новонастанатата ситуација, моментно никој не може да гарантира за нивните инвестиции. На лизгав терен се и Литванија и Естонија, кои имаат надворешен долг поголем од 100 насто од БДП. Долгот е во странска валута, па нема да помогне ни девалвација на нивните валути, како алатка за смалување на долгот. Во поголеми долгови сè повеќе тоне и Летонија. Според тамошните аналитичари, висината на кредитната задолженост на оваа земја годинава ќе биде половина од вкупниот БДП. Сериозни предупредувања деновиве стигнаа и за Португалија која исто така има висок јавен долг.
Како ЕУ ќе успее да ги изменеџира овие кризи и кој ќе го “крка”, останува да видиме. Искуството од годинешнава светска економска криза покажа дека ЕУ не се снајде најдобро. Голем број членки на ЕУ, особено од источниот блок, се пожалија дека во најтешкото биле заборавени од Унијата. 



Bookmark and Share

Горе

 
Повеќе од Економија

CommentКоментари



Нема коментари


Внеси го твојот коментар




Login with Facebook
Актуелно
Го преживеав Холокаустот

Скопјанецот Израел Бехар е еден од неколкуте макед...

Македонското малцинство признато само во Албанија

Македонското малцинство е признаено во Албанија,...