Behind the
headlines
 
 
 
 
 
 
Забава
PrintPdf
Почна Венецијанскиот карневал
07:35 | 08 февруари 2010

Со традиционалниот „Лет на ангелот“, во недела и официјално почна Венецијанскиот карневал

Како и секоја година, точно напладне од 99 метри високата камбанарија на плоштадот Свети Марко и годинава „полета“ млада девојка и потоа во облак од конфети слета на плоштадот претворен во ренесансна градина на чудата.
Годинава во улогата на ангел организаторите ја одбраа 22-годишната Бјанка Брандолини Д’адда, внука на сестрата на Џани Ањели, долгогодишниот претседател на автомобилскиот гигант Фиат.
Оваа година отворањето на Венецијанскиот карневал кој ќе трае до 16-ти февруари,  го следеле 75 илјади луѓе. Како што известуваат агенциите, повеќето туристи отколку жители на Венеција. Венецијанците инаку одамна предупредуваа дека заради кризата и лошата политика на локалните власти, се затвораат многу работни места и тие се принудени да се иселуваат барајќи егзистенција.


Bookmark and Share

Горе

 
Повеќе од Забава

CommentКоментари



Нема коментари


Внеси го твојот коментар




Login with Facebook
Актуелно
„Турчинките бараат слобода“

Иако тајниот состанок во домот на скопската шивачк...

Утре лидерска средба

Премиерот Никола Груевски за утре попладне ја зака...