Behind the
headlines
 
 
 
 
 
 
Забава , Шоубизнис
PrintPdf
„Аватар“ на колена пред „Мил Џон“
Автор: Редакција ФОРУМ     09:34 | 08 февруари 2010

Поврзани вести
И тоа еднаш мораше да се случи, но никој не очекуваше дека најголемиот филм ќе ја изгуби круната на бокс-офисот овој викенд од филмот „Мил Џон“, нискобуџетен „женски“ филм со пар непознати глумци

Романтичната драма во три дена заработи 32,4 милиони долари, што ја искачи на првото место на филмови што за викендот собрале најмногу пари. Покрај, тоа Аватар останува на врвот, со заработени 76 милиони долари, овој викенд. Комплетната заработувачка на Аватар изнесува 2,21 милијарди долари, и тоа 630,1 милиони долари во Северна Америка и 1,58 милијарди од светот.

Во Амрика очекуваа за време на следниот викенд да има стампедо од гледачи за Мил Џон, затоа што тогаш е Денот на вљубените. Романтичната драма најмногу ја гледаат девојки и тоа под 21 година. Минатиов викенд 86 отсто од гледачите биле девојки-тинејџерки.
„Тие ќе го погледнат филмот, им кажуваат на другарките што не биле, и заедно со нив, повторно одат да го гледаат“, вели Џефри Амер, претседател на Релативити медиа.

Мил Џон е филм за двајца вљубени на денот на нападот на kулите-близначки, 11 септември. Режисер на филмот е Швеѓанецот Ласе Халстром, а е изработен според новелата на Николас Спаркс, Бележник.


Bookmark and Share

Горе

 
Повеќе од Забава

CommentКоментари



Нема коментари


Внеси го твојот коментар




Login with Facebook
Актуелно
„Турчинките бараат слобода“

Иако тајниот состанок во домот на скопската шивачк...

Треба трпение за резултати од реформи

Несинхронизираност на фискалната и монетарната пол...