Behind the
headlines
 
 
 
 
 
 
Европа
PrintPdf
Јанукович нов претседател на Украина
11:09 | 08 февруари 2010

„Објективно, победникот на изборите не може веќе да се промени. Разликата само може да се зголемува“, изјави утрово претставникот на украинската изборна државна комисија, Михаил Охендовскиј


По обработени избирачки материјали од 95 отсто од изборните места, кандидатот Виктор Јанукович води со 48,23 отсто, пред противкандидатката Јулија Тимошенко со 46,14 отсто од гласовите. За актуелната премиерка неповолен е и податокот дека се’ уште не се пристигнати во Киев резултатите од Ким од градот Луханска, што е едно од најголемите упоришта на Јанукович.
Меѓутоа Јулија Тимошенко најави прес-конференција за во 12 часот, од која многумина страхуваат дека може да биде вовед во протести и безредија, доколку поразената премиерка ги оствари своите закани дека нема да ги признае изборните резултати.
Од изборниот центар на Јулија Тимошенко, шефот на нејзината претседаталска кампања, Олександар Турчинов, на прес-конференција во Киев обвини за „голема изборна измама“.
„За жал, не можевме да спречиме голема измама. ОВа беа едни од највлаканите избори во Украина“, додаде Турчинов.
Овие избори изобилуваа со голема нервоза и меѓусебни обвинувања, за малверзации, за тоа кој е повеќе рпоруски а кој прозападно ориентиран кандидат.
Егзалтираните избирачи на скандалозната предизборна кампања на сите украински кандидати, одговори со јавно понудување за проддажба на гласовите,а во енделата разглоени девојки со транспаренти влегоаа на избирачко место.
Страстите  зовреа, па во неделата утрото од изборниот тим Тимошенко објавија дека бил убиен нивни активист, нагласачко место во Ивано-Франкивск, во западниот дел на земјата. Шефот на изборната кампања на Тимошенко, Турчинов, ги обвинуви за убиството приврзаниците на Јанукович.
Повеќето украински и странски аналитичари очекуваат Тимошенко тешко да ја предаде власта и страхуваат од демонстрации и безредија.

Победата на Јанукович беше извесна и пред вториот изборен круг, но сепак се оставаше отворен простор дека непостојаните украински гласачи може да и’ дадат предност на Тимошенко. Но уште веднаш по затворањето ан избирачките места во недела, три најрелевантни излезни анкети покажаа дека победник е прорускиот кандидат.
Анкетата на украинскиот институт GfK покажува дека Виктор Јанукович освоил 49,8 отсто од гласовите на излезените избирачи, а актуелната премиерка Јулија Тимошенко, 45,2 отсто. Од оваа анкета видливо било дека 5 отсто од гласачите гласале „против сите“, како што предвидува тамошниот изборен закон, пренесуваат агенциите.
И според другите две анкети, едната нарачана од група независни институти и Фндацијата за демократски иницијативи и компанијата Савик Шустер Студиос, Јанукович има 48,7 пред 45,5 отсто за Тимошенко.
Досегашниот украинскиот претседател Виктор Јушченко на три дена пред вториот круг на претседателските избори ги потпиша измените на изборниот закон. Така што сега е потребно просто мнозинство гласови, наместо досега потребното двотретинско мнозинство од членовите на локалните изборни совети.
Тимошенко на тоа се закани со одржување масовни протести ако дојде до победа на нејзиниот противкандидат Виктор Јанукович поради злоупотреба на новиот закон донесен три дена пред изборите.
Украинското парламентарно мнозинство, на чело со партијата на Јанукович, ги одбори, а претседателот ги потпиша измените на изборниот закон, кои практично ќе оневозможат припадниците на помалите политички партии во локалните изборни совети да ги блокираат одлуките на мнозинството членови.
Претходно, Тимошенко го повика претседателот Јушченко да не ги потпише измените на законот, поради тоа што „со потпишувањето на тој закон ќе се означи смртна пресуда на демократијата и чесните избори во Украина“. А веднаш потоа беше спречен обид да биде ставена контрола врз печатницата каде што се печатеше изборниот материјал.

Педесет и деветгодишниот Јанукович, пред изборите не се трудеше многу да ја сокрие својата блискост со Кремљ, дури и го смета за свој голема адут, во земјата каде што речиси 40 отсто од граѓаните го зборуваат како мајчин јазик рускиот. Дури и самата Тимошенко почна да зборува украински на предизборните митинзи, коментирајќи дека го научила својот мајчин јазик кога била на предадолсецентска возраст.
Меѓутоа, што се донесува до проруското влијание, и во случајот на Јулија Тимошенко аналитичарите сметаат дека таа премногу кокетираше меѓу Брисел и Москва, за да добие назнака на прозападен политичар. За разлика од нејзиниот довчерашен партнер од Портокаловата револуција и претседател на заминување, Виктор Јушченко, со кого уште пред изборната трка влезе во жестоки дуели. 
Со победата Јанукович го потврди својот предизборен триумфализам и доби задоволување на според него неправедно одземената победа со Портокаловата револуција на претседателските избори во 2004 г. Тогаш тој беше прогласен за победник, но под притисок на приврзаниците на тогашните сојузници Јушченко и Тимошенко и на дел од меѓународната јавност, беа спроведени повторни избори, т.н. трет круг, со кои за претседател беше прогласен Јушченко. Овој чисто политички проект, Јанукович го смета за режија на САД, бидејќи веднаш по доаѓањето на власт портокаловите го промовираа курсот за влегување на Украина во НАТО и во Европската Унија. Истовремено, според уверувањето на Јанукович, ова раководство почна да спроведува политика на ограничување на употребата на рускиот јазик во Украина и популистичка политика за Русија како историски непријател на Украина”.
Тој отворено ја оцени како антируска, пред се’, протестот на портокаловите пред шест години.
Јанукович покрај раководењето со Партијата на регионите на Украина, има богата политичка биографија; во два наврата во 2002 и во 2006-2007 г. беше и премиер-министер во украинската влада. Како доктор по економски науки, автор е на повеќе проекти и програми за социјален и економски развој на земјата, за што во 2000 г. од Центарот во Кембриџ е избран за „Човек на годината”. Член е на Украинската академија на науките и член на Калифорниската меѓународна академија на науките.


Bookmark and Share

Горе

 
Повеќе од Европа

CommentКоментари



Нема коментари


Внеси го твојот коментар




Login with Facebook
Актуелно
„Турчинките бараат слобода“

Иако тајниот состанок во домот на скопската шивачк...

Обид за спас на меѓуетнички односи

Нова демократија на Имер Селмани ќе го спасува бло...