Behind the
headlines
 
 
 
 
 
 
Свет
PrintPdf
Австралија ја притвора вратата за доселеници
13:15 | 08 февруари 2010

Поврзани вести
Министерот за имиграција најави заострени услови за добивање жителство или работна дозвола за престој во земјата

Австралискиот министер за имиграција, Крис Еванс, најави промени во политиката за да привлече повеќе високо образувани работници. Тој ја критикуваше досегашната политика, која им овозможуваше на луѓето што сакаат да се доселат во Австралија, да добијат жителство само затоа што се запишале на курсеви за кулинарство или за фризери.

Министерот најави дека Австралија ќе ја укине постоечката листа од 106 занимања што се бараат во земјата и дека ќе ги преиспита тестовите што се користат за проверка на квалификациите на луѓето што побарале жителство или работна дозвола. Неговите забелешки беа поздравени од рударскиот сектор, кој се бори да одговори на побарувачката на суровини во Кина.

"Имавме десетици илјади студенти што се запишани на кулинарство, сметководство или за фризери, затоа што тоа беше на листата, и затоа што тоа им овозможуваше постојан престој“, изјави Еванс за Австралиското радио.


Bookmark and Share

Горе

 
Повеќе од Свет

CommentКоментари



Нема коментари


Внеси го твојот коментар




Login with Facebook
Актуелно
„Турчинките бараат слобода“

Иако тајниот состанок во домот на скопската шивачк...

Треба трпение за резултати од реформи

Несинхронизираност на фискалната и монетарната пол...