Behind the
headlines
 
 
 
 
 
 
Економија , Македонија
PrintPdf
Одблокирани сметките - фирмарина до крај на април
Автор: Редакција ФОРУМ     14:06 | 08 февруари 2010

Поврзани вести
Градот Скопје денеска ќе ги одблокира сметките на сите должници-обврзници за плаќање фирмарина и ќе ја одложи присилната наплата заклучно со 30 април 2010 година, соопшти градоначалникот Коце Трајановски

Градот Скопје ги потсетува сите обврзници дека се должни да ги пријават сите промени што се од значење за утврдувањето и наплатата на даноците и комуналните такси, како и да бараат исправка на можни грешки во даночната евиденција и донесените акти од надлежност на Градот Скопје.

„Во рамките на мојата надлежност ќе му предложам на Советот на Град Скопје соодветни измени во Одлуката за комуналните такси. Ќе му предложам на Советот на Град Скопје да донесе и одлука со која ќе се изврши отпис на побарувањата по основ на комунална такса настанати до 2006 година. Ќе покренам и законодавна иницијатива за измена на Законот за комуналните такси, со што таксата за фирма како јавна давачка би се утврдувала сразмерно на економските ефекти кои ги остваруваат субјектите“, најави градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, на денешната прес-конференција.

Комуналните такси се изворни приходи на Градот Скопје и општините во Скопје и од нив се финансираат активностите од нивна надлежност. Приходите од фирмарината Град Скопје и 10-те скопски општини ги делат во однос 60 спрема 40 отсто.

Од вкупниот број 42.828 регистрирани обврзници за плаќање фирмарина, 15.499 редовно ја подмируваат обврската кон Градот Скопје и општините, а 27.329 обврзници за комунална такса – фирмарина немаат платено за три, односно за две години

Администрацијата на Градот Скопје достави опомени до евидентираните должници, но бидејќи должниците не ги подмириле долговите во предвидениот рок, во согласност со Законот за даноци на имот се пристапи кон присилна наплата на долговите со блокирање на сметките на обврзниците.


Bookmark and Share

Горе

 
Повеќе од Економија

CommentКоментари



Нема коментари


Внеси го твојот коментар




Login with Facebook
Актуелно
„Турчинките бараат слобода“

Иако тајниот состанок во домот на скопската шивачк...

Утре лидерска средба

Премиерот Никола Груевски за утре попладне ја зака...