Behind the
headlines
 
 
 
 
 
 
Македонија
PrintPdf
Опасен снег на патот Велес-Скопје
Автор: Редакција ФОРУМ     15:49 | 08 февруари 2010

Поврзани вести
Снежните врнежи проследени со силен ветер утринава предизвикаа проблеми во нормалното одвивање на сообраќајот

Една од најкритичните точки беше делницата од автопатот Велес-Скопје.

Екипите на Јавното претпријатие „Македонија пат“ наидоа на проблеми околу чистењето на снегот. Поради тоа механизацијата работеше од Петровец до наплатната рампа кај селото Отовица во спротивна насока со употреба на звучна и светлосна сигнализација. Освен непријатноста, поголем инцидент не е предизвикан.

Снежните врнежи значително го отежнаа одвивањето на сообраќајот по градските улици во Велес. Освен во централното подрачје, „Mакедонија пат“ ги третираше и улиците кон двете цркви и кон месноста Којник.

Поголемиот дел од селата утрово беа отсечени со тешко проодни патни правци. Најлоша беше состојбата кон Богомила, Извор и Врановци.

Од Центарот за управување со кризи информираа дека во текот на денот состојбите се нормализирале донекаде, но упатуваат на внимателност поради можна појава на голомразица.

Снежните врнежи не предизвикаа проблем во нормалното снабдување со електрична енергија и вода до домаќинствата во цела Општина Велес.


Bookmark and Share

Горе

 
Повеќе од Македонија

CommentКоментари



Нема коментари


Внеси го твојот коментар




Login with Facebook
Актуелно
„Турчинките бараат слобода“

Иако тајниот состанок во домот на скопската шивачк...

Треба трпение за резултати од реформи

Несинхронизираност на фискалната и монетарната пол...