Олимписки игри без снег
Се е подготвено за почетокот на Зимските олимписки игри „Ванкувер 2010“, освен зимата
Се е подготвено за почетокот на Зимските олимписки игри „Ванкувер 2010“, освен зимата. Како што јавуваат американските медиуми, олимпијците, кои веќе почнаа да пристигнуваат во канадскиот град, се изненадени кога пристигнувајќи со авионот, наместо снег и белина ќе здогледаат трева и зеленило.
Најголемиот тест треба да се случи денеска, на почетокот на тренинзите во слободно скијање, кои ќе бидат прво тестирање на теренот откако организаторите потрошија неколку недели носејќи снег со хеликоптери и камиони.
„Прогнозата за оваа недела е позитивна и се надеваме дека ќе видиме пониски температури“, вели во охрабрувачката порака потпретседателот на организацискиот одбор на ЗОИ „Ванкувер 2010“, Тим Гајда.
На 21-те Зимски олимписки игри (12-28 февруари) Македонија ќе учествува со тројца скијачи - алпинецот Антонио Ристевски и Нордијците Дарко Дамјановски и Росана Кироска.