Русија ќе купи воени бродови од Франција
Франција го разгледува новото руско барање за купување 4 воени бродови за транспорт и командување, наместо само еден како досега, потврдил службеник од министерството за одбрана во Париз
Жак д’ Лажуги, директорот меѓународниот директор на Заедничка управа за оружје (DGA) во надлежност на француското министерство за одбрана на прес-конференција во понеделник во Париз, соопштил дека станува збор за преиначување на досегашното руско барање од еден брод, сега за четири. Русите наместо досегашната понуда за купување еден транспортен брод, сега бараат одобрение да купат уште три брода за командување (BPC) од класата Мистрал.
Како што додал Лажуги, дознаваат француските медиуми, сепак, засега тоа е техничко барање на Генералштабот на руската армија, кое засега не е проследено и на политичко ниво. А од француска страна, одлуката ќе ја донесат највисоките државни власти.
Франција инаку претходно одобри продажба на еден таков брод со голема сила кој може да носи до 900 луѓе, хеликоптери и јуришни тенкови. Овој тип бродови на својата палуба ги поседуваат наеднаш функциите на носач на хеликоптери, болници, транспортери на трупи, јуришно амфибиско пловило и Во ноември минатата година на средбата на двајцата премиери, Франсоа Фијон на својот руски колега Владимир Путин му соопшти дека Франција во принцип нема ништо против оваа купопродажба, на која инаку ги загрижува руските соседи, како Грузија и балтичките држави, но и САД. Но, Русија, како што додаваат француските медиуми, веќе контактирал и со други конкурентски производители на вакви типови бродови.
Весникот Московски комсомолец денеска објавува дека договорот е вреден меѓу 500 и 600 милиони евра и дека може да биде потпишан уште при посетата на Париз на рускиот претседател Дмитриј Медведев закажана за 2-ти март.