Behind the
headlines
 
 
 
 
 
 
Живот
PrintPdf
Велосипедистот Зафиров го започнува патувањето низ Аргентина
Автор: Билјана Богдановска     16:24 | 08 февруари 2010

Поврзани вести
По петдневна подготовка и адаптација во Буенос Аирес, Аргентина, велосипедистот Дејан Зафиров тргнува на патувањето до западниот брег на Јужна Америка

„Врне скоро секојдневно, по неколку часа, а температурата паѓа секој ден. Вчеравечер беше 20 степени. Но, локалните граѓани не предупредуваат дека тоа е само температура, која брзо ќе се врати на 36 до 38 степени Целзиусови со огромна влажност до 100 отсто“, пишува денеска на својата Фејсбук страна Зафиров.

На своето патешествие тој тргна на први февруари, а со една ампутирана нога и повреда на другата треба да помине околу 4.000 километри, од едниот до другиот брег на Јужна Америка.

Магазинот Форум и www.forum.com.mk го избра Зафиров за Форум личност за 2009 година во категоријата Живот, затоа што со својата упорност и желба за живот покрај хендикепот, претставува инспирација за сите.


Bookmark and Share

Горе

 
Повеќе од Живот

CommentКоментари



Нема коментари


Внеси го твојот коментар




Login with Facebook
Актуелно
Го преживеав Холокаустот

Скопјанецот Израел Бехар е еден од неколкуте макед...

Македонското малцинство признато само во Албанија

Македонското малцинство е признаено во Албанија,...