Behind the
headlines
 
 
 
 
 
 
Забава
PrintPdf
Влезниците за Евросонг распродадени за 20 минути
Автор: Ивана Настеска     17:10 | 08 февруари 2010

Влезниците за финалната вечер за Евросонг, што ќе се одржи во Норвешка денеска веднаш по пуштањето во продажба беа распродадени. Агенциите јавија дека за 20 минути се распродадени речиси 8000 билети

Евровизија 2010 ќе биде педесет и петтиот натпревар за најдобра европска песна. Евровизија оваа година се одржува во Осло по заслуга на минатогодишниот победник, Александар Рубак кој победи со песната „Fairytale“. Двете полуфиналиња неофицијално ќе се одржат на 25 мај и 27 мај, а финалето, на 29 мај 2010. Европската радиодифузија објави дека ќе се обиде оваа година да ги врати назад Италија, Монако и Австрија, но сепак тоа не се случи оваа година. На годинешниот  Евросонг ќе се натпреваруваат 39 земји вклучувајќи ја и Македонија.


Bookmark and Share

Горе

 
Повеќе од Забава

CommentКоментари



Нема коментари


Внеси го твојот коментар




Login with Facebook
Актуелно
„Турчинките бараат слобода“

Иако тајниот состанок во домот на скопската шивачк...

Треба трпение за резултати од реформи

Несинхронизираност на фискалната и монетарната пол...