Во јануари најголема невработеност во Романија
Повеќе од 740 илјади луѓе или 8,1 отсто од романските граѓани во јануари годинава биле невработени, соопштува Националната агенција за вработување (АНОФМ)
Бројот на невработени се зголемил за 0,3 проценти, за разлика од крајот на 2009 година, додека драстично зголемување на невработеноста во земјата е забележана минатиот месец, кога истата се зголемила за 4,9 проценти, наведува (АНОФМ).
Ова е за првпат Романија да се соочи со толку висока стапка на невработеност.
Иако Романија во последните десетина години имаше силен економски раст, таа падна во длабока рецесија.