Behind the
headlines
 
 
 
 
 
 
Занимливости
PrintPdf
Трчањето го продолжува животот
21:30 | 08 февруари 2010

Сакате ли здрав и долг живот, веднаш почнете со трчање. Ако трчате интензивно 3 до 4 часа неделно или се занимавате со еднаков спорт кој го раздвижува вашето тело, ќе си го продолжите животот, советува hrana.com.mk

Луѓето кои сакаат здрав и долг живот би требало да почнат со трчање. Ново истражување од универзитетот „Stanford“ во Калифорнија покажало дека членовите на клубовите за џогирање имаат помали шанси да умрат во нареден период од 20 години отколку луѓето кои не трчаат. Трчањето не само што го смалува ризикот за срцевите болести, туку ја спречува и појавата на Алцхајмерова болест.

„Во период од 19 години умреле 15% трчачи и 34% од луѓето кои не се занимавале со ова хоби“, пишува во заклучокот на Елиза Чакраварти и нејзините колеги кои го спровеле ова истражување.

„Но и било кој облик на вежби кои го раздвижуваат телото ќе имаат ист ефект како и трчањето“, вели Д-р Џејмс Фрајс, еден од истражувачкиот тим. Повеќето од 300 лица кои биле вклучени во ова истражување биле трчачи и неделно посветувале повеќе од 200 минути на вежбање, додека останатите кои правеле други вежби имале само 80 минути.

„Споредбено подобро е да се занимавате со трчање, затоа што скоро сите оние кои трчаат се непушачи и не консумираат алкохол, што во старт е добар продолжеток на животот“, вели еден од истражувачите.


Bookmark and Share

Горе

 
Повеќе од Занимливости

CommentКоментари



Нема коментари


Внеси го твојот коментар




Login with Facebook
Актуелно
Го преживеав Холокаустот

Скопјанецот Израел Бехар е еден од неколкуте макед...

Македонското малцинство признато само во Албанија

Македонското малцинство е признаено во Албанија,...