Behind the
headlines
 
 
 
 
 
 
Занимливости
PrintPdf
Како да качите килограм повеќе?
22:30 | 08 февруари 2010

Поради зголемениот број на дебели особи, занемарени се оние кои би сакале да добијат некој килограм повеќе, hrana.com.mk издвои неколку совети за оние послабичките како да дојдат до здрав и посакуван изглед

Вниманието на експертите во главно го привлекува пореметување во исхраната (анорексија, булимија), затоа што тие сериозно го загрозуваат здравјето. Меѓутоа, понекогаш и намалувањето на само неколку килограми може да предизвика проблеми. И додека здебелените особи се борат за да изгубат некој килограм, слабите исто толку се трудат да не "додадат" килограм повеќе.
Доколку слабоста не е последица на некој здравствен проблем, некои измени во начинот на живот и исхрана можат да го решат овој проблем. Некои причини на недостаток на килограми можат да бидат: недоволна енергетска вредност на оброците кои не одговараат на вистинските потреби на организмот, нередовна исхрана во забрзаниот и стресен начин на животот, како и лошите навики во начинот на подготвување на храната. Од голема важност е да внимавате не само на квантитетот, туку и на квалитетот на намирниците. Само разновидна, правилно припремена и рамномерна исхрана може да допридонесе до зголемување на телесната тежина, а да се зачува здравјето и постигне посакуваниот изглед. Дневното мени би требало да го поделите на 3 главни оброка и 3 меѓу оброци, а иделано би било растојанието измеѓу нив да биде 3 саати. На тој начин енергетските потреби се зголемуваат за 500 до 1000 kcal. Најважно од се е да одбирате намирници со високи нутритивни и енергетски вредности.

Повеќе јаглени хидрати

Најголем дел од енергијата би требало да потекнува од јаглените хидрати, што изнесува 50-60% од вкупната калориска вредност. Поголем дел треба да го сочинуваат јаглените хидрати од намирниците кои содржат помало количество целулоза, затоа што таа ја спречува апсорбцијата на хранливите материи и го забрзува работењето на цревата. Во овој случај почесто би требало да користите производи од бело брашно, но и овошје и зеленчук богати со скроб (грав, грашок, компир и банани).
Иако имаат голема енергетска вредност и содржат многу јагледни хидрати, при изборот на слатките треба да бидете внимателни. Се препорачува мед, но подготвен на здрав начин. Исто така, корисно е да го зголемите внесот на сувото овошје кое е доста калорично, а содржи многу витамини и минерали. Белковините треба да обезбедат 15-18 % од дневните енергетски потреби. Се препорачува млеко и млечни производи, јајца, риба, мешунки, а повремено и месо. Вегетаријанците можат да користат и производи од соја. Мастите би требало да сочинуваат 30-40% од вкупните дневни енергетски потреби.Предност треба да дадете на лесно сварливите масти, како што се ладно цедените масла, а повремено може да се користи и путер. Добро би било да се зголеми и внесот на јаткасти овошја (лешници, бадеми, ореви, кикирики), но и семки (од сончоглед, тиква). Многу е важен и внесот на свеж зеленчук и овошје кои го снабдуваат организмот со неопходните витамини и минерали.

Физичката активност е неопходна


За правилно да се распоредат добиените килограми, неопходно е да се занимавате со некои физички активности. Тие ќе допридонесат до зголемување на мускулната маса и за зголемување на апетитот. Доколку килограмите ги зголемувате само со внесувањето на големи количини храна, без адекватни физички активности, може да дојде до зголемени масните наслаги, што предизвикува нови етстетски, но и здреавствени проблеми.


Bookmark and Share

Горе

 
Повеќе од Занимливости

CommentКоментари



Нема коментари


Внеси го твојот коментар




Login with Facebook
Актуелно
„Турчинките бараат слобода“

Иако тајниот состанок во домот на скопската шивачк...

Утре лидерска средба

Премиерот Никола Груевски за утре попладне ја зака...